0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Редица кандидати за потписот на проблематичниот Гендузи

Пред неколку дена тој го зграпчи за врат својот сонародник Нил Мопе од Брајтот по поразот од 1:2 на Арсенал. На еден од тренинзите, играчот од средниот ред влезе во конфликт со тренерот Микел Артета.

Лондон, 26 јуни 2020 (МИА)– Редица кандидати за потписот на играчот од средниот ред на Арсенал, Матео Гендузи. Според „ТФ1“, 21-годишниот Французин е во плановите за избор на Атлетико Мадрид, Барселона, Интер и ПСЖ.

„Топџиите“ имаат тенденција да се разделат со Гендузи, и покрај неговите неспорни квалитети. Причината е карактерот на фудбалерот, кој честопати се впушта во скандали.

Пред неколку дена тој го зграпчи за врат својот сонародник Нил Мопе од Брајтот по поразот од 1:2 на Арсенал. На еден од тренинзите, играчот од средниот ред влезе во конфликт со тренерот Микел Артета.

Оваа сезона, Гендузи забележа 34 натпревари на сите турнири за „топџиите“ и запиша три асистенции.

Таг
Back to top button
Close
Close