СветСвет.Портал

Редфилд: Коронавирусот ги фрли САД на колена

Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд изјави дека новиот коронавирус ги фрлил САД на колена.

Вашингтон, 24 јуни 2020 (МИА) – Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд изјави дека новиот коронавирус ги фрлил САД на колена.

Тој укажа дека јавното здравство веќе подолг период нема се што му е потребно, дека не е доволно финансирано и потребно е итно да се вложува во него.

– Ќе потрошиме околу седум билиони долари поради еден мал вирус, истакна Редфилд.

Влијателниот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи претходно предупреди дека во одделни американски држави е регистриран загрижувачки пораст на бројот на заразени со коронавирус.

Околу 2,4 милиони Американци се заразени со Ковид-19, а над 120.000 починале.

САД по бројот на заболени и смртни случаи од коронавирус се наоѓа на прво место во светот. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close