0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Ред Бул го претстави болидот за новата сезона (видео)

Тимот Ред Бул го претстави болидот за новата сезона, објавено е на Твитерот на Формула 1.

Лондон, 23 февруари 2021 (МИА) – Тимот Ред Бул го претстави болидот за новата сезона, објавено е на Твитерот на Формула 1.

Болидот ќе го носи името „RB16B“.

Надворешно, автомобилот не се разликува многу од неговиот претходник, но новиот има поразработена површина на странични дефлектори и покомпактен заден дел.

Исто така на автомобилот сега има банери на спонзори кои дојдоа во Ред Бул со доаѓањето на Серхио Перез.

Новата сеззона во Формула 1 шампионатот ќе стартува на 28 март со трката за Големата награда на Бахреин. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close