БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Речиси 60 отсто од Словенците поддржуваат предвремени парламентарни избори

Речиси 60 отсто граѓаните на Словенија сметаат дека предвремените парламентарни избори се добри за излез од политичката криза во земјата, покажува испитувањето на јавното мислење кое го направи „Вокс попули”.

 

Љубљана, 17 февруари 2020 (МИА) – Речиси 60 отсто граѓаните на Словенија сметаат дека предвремените парламентарни избори се добри за излез од политичката криза во земјата, покажува испитувањето на јавното мислење кое го направи „Вокс попули”.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, според истото испитување, претседателот на државата Борут Пахор се уште е најпопуларен политичар во Словенија.

Во однос на политичките партии најголема поддршка Словениците даваат на партијата Словенечката демократска партија на Јанез Јанша. Доколку денес би се одржале изборите за оваа партија би гласале 19,6 отсто од граѓаните со право на глас.

На второ место е партијата на премиерот во оставка Марјан Шарец ЛМШ (Листа на Марјан Шарец) со 17,1 отсто.

Трета на листата е СД (Социјални демократи) со поддршка од 8,2 отсто од гласачите.

Ова испитување на јавното мислење доаѓа пред се по извесните предвремени парламентарни избори во земјата. ав/

Back to top button
Close
Close