Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Речиси 45 000 казни во Франција за непочитување на носењето маска од мај досега

Според министерот за внатрешни работи на Франција Жералд Дарманан, од мај досега „имало казнето 44.429 лица“ за непочитување на обврската за носење маска, дело што се казнува со парична казна од 135 евра, јави дописникот на МИА.

Париз, 18 септември 2020 (МИА) Според министерот за внатрешни работи на Франција Жералд Дарманан, од мај досега „имало казнето 44.429 лица“ за непочитување на обврската за носење маска, дело што се казнува со парична казна од 135 евра, јави дописникот на МИА.

-Од излегувањето од карантинот, казнети се 44.429 лица за непочитување на обврската за носење маска, дело што се казнува со парична казна од 135 евра, рече министерот при сослушувањето од сенаторите. Притоа Жералд Дарманан го поздрави фактот што полицијата е „целосно мобилизирана“ на француската територија со употреба на „електронски записници“ во последните месеци.

За време на неговите воведни зборови пред истражната комисија, што се одржа на затворено место каде маската беше задолжителна, министерот за внатрешни работи исто така беше повикан од сенаторите да ја стави повторно маската орткако ја отстрани. тг/

Back to top button
Close
Close