0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ребиќ се поблиску до постојан договор со Милан

Според изворот, клубот од Милано веќе се сретнал со агентот на 26-годишниот Хрват Фали Рамадани за да разговараат за договорот. Ќе се водат разговори и со агентот во врска со трансферот на напаѓачот Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

Милано, 9 јули 2020 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Анте Ребиќ, кој е изнајмен од Ајнтрахт Франкфурт, може да потпише постојан договор, пренесува „Тутомеркатовеб“.

Според изворот, клубот од Милано веќе се сретнал со агентот на 26-годишниот Хрват Фали Рамадани за да разговараат за договорот. Ќе се водат разговори и со агентот во врска со трансферот на напаѓачот Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

Оваа сезона, Ребиќ забележа 20 одиграни натпревари во Серија „А“, во кои постигна 10 гола.

Таг
Back to top button
Close
Close