0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ребиќ потпиша договор со Милан до 2025 година

Досегашниот фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт, Анте Ребиќ, кој играше во Милан на позајмица, потпиша целосен договор со италијанскиот клуб.

Милано, 12 септември 2020 (МИА) – Досегашниот фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт, Анте Ребиќ, кој играше во Милан на позајмица, потпиша целосен договор со италијанскиот клуб.

Договорот важи до летото 2025 година, објавено е на веб-страницата на „росо-нерите“.

Според италијанските медиуми, зделката вреди 30 милиони евра.

Минатата сезона 26-годишниот Хрват одигра 30 натпревари во Серија А и постигна 12 гола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close