0_Спорт.ПорталФудбал

Реал со нова понуда за ѕвездата на Наполи

Според шпанските медиуми, „кралевите“ не се подготвени да го платат износот на откупната клаузула во договорот на Руиз и, како алтернатива, планираат да го вклучат Колумбиецот Хамес Родригез за да го комплетираат трансферот.

Неапол, 27 јануари 2020 (МИА) – Реал Мадрид размислува да го вклучи играчот од средниот ред Хамес Родригез како дел од договорот за привлекување играчот од средниот ред Фабијан Руиз.

Според шпанските медиуми, „кралевите“ не се подготвени да го платат износот на откупната клаузула во договорот на Руиз и, како алтернатива, планираат да го вклучат Колумбиецот Хамес Родригез за да го комплетираат трансферот.

Колумбискиот репрезентативец не е дел од плановите на Зинедин Зидан, откако не се појави во игра од октомври.

Кандидати за Хамес Родригез се Арсенал и Евертон.

Таг
Back to top button
Close
Close