0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Реал со голем исчекор кон шампионскиот трофеј во Ла Лига

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа голема победа попладнево на „Сан Мамеш“ против Атлетик Билбао која ги носи многу блиску до трофејот во Ла Лига.

Билбао, 5 јули 2020 (МИА) – Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа голема победа попладнево на „Сан Мамеш“ против Атлетик Билбао која ги носи многу блиску до трофејот во Ла Лига.

На жешкиот терен во Билбао, стрелец на единствениот гол беше Серхио Рамос од пенал во 73. минута, досуден по интервенција на судиите од ВАР собата.

Со новите три бода Реал се зацврсти на првото место на табелата со 77 бода, седум повеќе од Барселона која својот меч од 34. коло ќе го игра вечер со Виљареал.

Во случај Каталонците да не победат, тогаш ќе имаат само теоретски шанси во последните четири кола да го стигнат големиот ривал. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close