0_Спорт.ПорталФудбал

Реал сака да ги земе Почетино и Кејн во пакет

Тој е без работа од ноември кога беше ослободен од клубот од Северен Лондон по 5 сезони на чело. „Кралевите“, од своја страна, не ја доживуваат најдобрата можна сезона под водство на Зинедин Зидан, и може да побараат „спас“ во тактичарот од Аргентина.

Мадрид, 10 март 2020 (МИА) – Тимот на Реал Мадрид размислува да ги побара услугите на поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Почетино, како и да направи понуда за ѕвездата на „петлите“, Хари Кејн.

Тој е без работа од ноември кога беше ослободен од клубот од Северен Лондон по 5 сезони на чело. „Кралевите“, од своја страна, не ја доживуваат најдобрата можна сезона под водство на Зинедин Зидан, и може да побараат „спас“ во тактичарот од Аргентина.

Според шпанските медиуми, по поразот на Реал Мадрид од Манчестер Сити во првиот натпревар од полуфиналната фаза од Лигата на шампионите со 1:2 се одржала тајна средба на челниците на гигантот. На средбата било дискутирано за иднината на Зидан, а меѓу алтернативите бил именуван Почетино.

Се смета дека со застанување на чело на клубот од страна на аргентинскиот стратег, големата летна трансфер цел на клубот ќе биде добриот познаник на Почетино – Хари Кејн.

Топ стрелецот се опоравува од повредата во моментов, но според англиските медиуми, тој веројатно ќе го напушти Тотенхем во текот на летото.

Таг
Back to top button
Close
Close