0_Спорт.ПорталФудбал

Реал прими 21 гол на 34 натпревари во Ла Лига, ова е најдобриот клупски резултат последните 32 години

Реал Мадрид го победи Атлетик (1:0) во шпанското првенство, постигнувајќи четврта „сува“ победа во низа.

Мадрид, 6 јули 2020 (МИА) – Реал Мадрид го победи Атлетик (1:0) во шпанското првенство, постигнувајќи четврта „сува“ победа во низа.

По 34 кола, мадридскиот тим има примено само 21 гол. Ова е најдобриот резултат на клубот од сезоната 1987/88, кога прими 20 голови на 34 натпревари.

Голманот Тибо Куртоа има 17 „суви“ (без примен гол) натпревари во сезоната во Ла Лига. Ова е најдобриот резултат на Реал Мадрид во последните 25 години. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close