0_Спорт.ПорталФудбал

Реал најскап фудбалски бренд на светот

Британската консултантска компанија „ Brand Finance“ претстави рејтинг на најскапите фудбалски брендови во светот.

Лондон, 18 мај 2021 (МИА) – Британската консултантска компанија „ Brand Finance“ претстави рејтинг на најскапите фудбалски брендови во светот.

Првото место, како и минатата година, му припадна на Реал Мадрид, иако вредноста на брендот падна од 1,572 милијарди на 1,499 милијарди долари.

Второто место на рангирањето го задржа Барселона, чија вредност на брендот изнесува 1,487 милијарди долари. Третото е Манчестер јунајтед со вредност 1,327 милијарди.

Во Топ 10 најскапи клубови на светот се најдоа и: Манчестер сити (1,313 милијарди), Баерн Минхен (1,255 милијарди), Ливерпул (1,143 милијарди), ПСЖ (1,042 милијарди), Челзи (904 милиони), Тотенхем (849 милиони) и Арсенал Арсенал (792 милиони). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close