0_Спорт.ПорталФудбал

Реал Мадрид го победи Реал Сосиедад и се искачи на врвот во Ла Лига

Нов лидер на табелата во Шпанското фудбалско првенство е Реал Мадрид, откако доцна синоќа на гостински терен го победи Реал Сосиедад со 2:1 во дуел од 30. коло.

Сан Себастијан, 22 јуни 2020 (МИА) – Нов лидер на табелата во Шпанското фудбалско првенство е Реал Мадрид, откако доцна синоќа на гостински терен го победи Реал Сосиедад со 2:1 во дуел од 30. коло.

Микел Марино погоди кај домаќините, додека Серхио Рамос и Карим Бензема беа стрелци за мадридскиот тим.

За Реал Мадрид ова беше трета победа во низа по која собра 65 бода исто колку што има и Барселона.

Реал Сосиедад е седми со 47 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close