0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Реал Мадрид ќе одигра два натпревари за помалку од 72 часа

Тимот на Мадрид ќе го напушти Валдебебас во доцните часови на ноќта помеѓу четврток и петок, а во сабота ќе патува за Билбао за нивниот ран неделен натпревар.

Мадрид, 22 јуни 2020 (МИА) – Ла Лига официјално ги објави часовите на натпреварите од претстојните 33-то и 34-то коло, што ќе се одиграат следната недела. Шпанските медиуми потенцираат дека на Реал Мадрид ќе имаат помалку од 72 часа одмор помеѓу нивните натпревари.

Во четврток во 22:00 часот по наше време, Лос Бланкос ќе биде домаќин на Хетафе. Во недела во 14:00 часот Реал оди на посета на баскиска земја кај Атлетик Билбао.

Тимот на Мадрид ќе го напушти Валдебебас во доцните часови на ноќта помеѓу четврток и петок, а во сабота ќе патува за Билбао за нивниот ран неделен натпревар.

Во исто време, Барселона ќе игра во вторник (30 јуни) против Атлетико Мадрид, а следниот натпревар на екипата е во недела (5 јули) со почеток во 22:00 часот против Виarареал.

Таг
Back to top button
Close
Close