0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Реал и Барселона елиминирани од Копа Дел Реј

Во Билбао на стадионот „Сан Мамес“ скоро 50.000 гледачи беа сведоци на победа од 1:0 над екипата од Каталонија. Барса имаше теренска предност, како и повеќе удари кон противничкиот гол, но не успеа да реализира ниту една позиција, додека Баскијците успеаја да ја затресат противничката мрежа во 93-тата минута, кога прецизен беше Ињаки Вилијамс.

Билбао, 7 февруари 2020 (МИА) – Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид испаднаа од Кралскиот куп на Шпанија. Атлетик Билбао ја исфрли Барселона, а Реал Сосиедад го надмина Реал Мадрид.

Во Билбао на стадионот „Сан Мамес“ скоро 50.000 гледачи беа сведоци на победа од 1:0 над екипата од Каталонија. Барса имаше теренска предност, како и повеќе удари кон противничкиот гол, но не успеа да реализира ниту една позиција, додека Баскијците успеаја да ја затресат противничката мрежа во 93-тата минута, кога прецизен беше Ињаки Вилијамс.

Реал Мадрид пак претрпе пораз од Реал Сосиеда со 3:4 на „Сантијаго Бернабеу“ пред 64.000 навивачи.

Мартин Јодегард им донесе предност на гостите во 22-та минута, а 20-годишниот Александар Исак постигна два гола во рок од две минути на почетокот од второто полувреме. Марсело врати еден гол во 59-та минута, но со голот на Микел Мерино во 69-тата веќе беше 4-1 за Сосиедад. Реал Мадрид се мачеше и до крајот постигна уште два гола, чии автори станаа 18-годишните Родриго и Начо Фернадес.

Во полуфиналето Реал Сосиедад ќе игра со Атлетик Билбао.

Финалниот натпревар за Копа дел Реј ќе се одржи на 18 април во Севиља.

Таг
Back to top button
Close
Close