0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

Реал го доби дербито со Севиља

Шампионот на Шпанија, Реал Мадрид забележа победа со 1:0 на денешниот дерби натпревар од 11. коло во Ла Лига.

Севиља, 5 декември 2020 (МИА) – Шампионот на Шпанија, Реал Мадрид забележа победа со 1:0 на денешниот дерби натпревар од 11. коло во Ла Лига.

Стрелец на автоголот вреден три бода за „кралевите“ беше Боно во 55. минута.

Со оваа победа Реал се искачи на 3. место, а тренерот Зинедин Зидан го намали притисокот што изминатиот период беше насочен кон него, бидејќи навивачите бараат подобри резултати.

Се шпекулираше и за можен отказ за Зидан доколку се загуби од Севиља, но за негова среќа до тоа не дојде. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close