0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Реал е заинтересиран за Дибала и може да го размени за Иско или Кроос

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, пренесува „Спорт Медијасет“.

Мадрид, 10 август 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, пренесува „Sport Mediaset“.

Според изворот, кралскиот клуб е заинтересиран за 26-годишниот Аргентинец и е подготвен за него да го понуди во замена Иско или Тони Кроос.

Останува да се почека одговорот на италијанскиот шампион за да се види дали ќе има преселба на играчи во правец Мадрид – Торино и обратно.

Минатата сезона, Дибала одигра 46 натпревари на сите турнири, во кои постигна 17 голови и направи осум асистенции. Исто така, напаѓачот беше прогласен за најдобар играч во италијанскиот шампионат. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close