0_Спорт.ПорталФудбал

Реал ќе плати 160 милиони евра за Азар, иако беше објавено дека износот на трансферот е околу 100 милиони

Познати се новите финансиски детали за трансферот на играчот за врска Еден Азар од Челзи во Реал Мадрид. Податоците во документите поврзани со плаќањата за трансферот на Азар, се покажало дека мадридскиот клуб ќе плати 160 милиони евра за Белгиецот, иако претходно беше објавено дека трансферот ќе го чини Реал околу 100 милиони.

Мадрид, 4 септември 2020 (МИА) – Познати се новите финансиски детали за трансферот на играчот за врска Еден Азар од Челзи во Реал Мадрид. Податоците во документите поврзани со плаќањата за трансферот на Азар, се покажало дека мадридскиот клуб ќе плати 160 милиони евра за Белгиецот, иако претходно беше објавено дека трансферот ќе го чини Реал околу 100 милиони.

Според правилата на ФИФА, клубовите за кои играл играч на возраст од 12 до 23 години мора да добијат до 5% од износот на трансферот. Во овој период, Азар играше за три клуба: белгиски Тубизе (до 2005 година), француски Лил (2005 – 2012) и Челзи во Англија (2012 – 2018).

Белгиските весници „Het Laatste Nieuws“ и „La Dernière Heure“, пишуваат дека Реал мора да му ги плати на Челзи парите за преминот Азар во три транши: 40 милиони евра во 2019 година, 56 милиони евра во 2020 година и 64 милиони евра во 2021 година.

Така, Тубизе доби 200 илјади евра во 2019 година, 280 илјади евра во 2020 година и треба да добие 320 илјади евра во 2021 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close