0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Политичките партии во ЕП ја поздравија новата методологија за преговори

Трите главни политички партии во Европскиот парламент ја поздравија ревидираната методолодија на Европската комисија за пристапниот процес и ја поддржуваат европската перспектива на западниот Балкан.

Брисел, 5 февруари 2020 (МИА) – Трите главни политички партии во Европскиот парламент ја поздравија ревидираната методолодија на Европската комисија за пристапниот процес и ја поддржуваат европската перспектива на западниот Балкан.

Европската народна партија порача дека се надева дека после ова конечно ќе можат да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија.

– Ова е важно од аспект на кредибилност, ветивме дека ако Северна Македонија на пример ги исполни барањата ќе отвориме преговори и минатата есен не го исполнивме ветеното, изјави Микаел Галер, германски пратеник од ЕПП.

Социјалдемократите предупредуваат дека новата методологија не смее да се користи како оправдување за дополнително одлагање на преговорите со двете земји и повторно ги повикуваат земјите членки да дадат зелено светло.

– Проширувањето е една од најуспешните политики на ЕУ и мора да продолжи затоа што е нашата најдобра алатка за да ги вкотвиме кревките балкански држави на патот на демократските реформи. Точно е дека од последното големо проширување во 2004 научивме многу лекции и методологијата треба да се подобри за да се одговори на легитимните преокупации на граѓаните на ЕУ и на западниот Балкан, изјави Кати Пири, холандска европратеничка од Социјалдемократите.

Центар левицата во Европскиот Парламент бараат поголем фокус во преговорите врз социјалната димензија и животната средина.

Групата на Либералите “Обнова Европа“ верува дека новата методологија ќе создаде потранспарентен и поефикасен процес на преговори за земјите.

-Важно е да се даде нов поттик на процесот на проширување кој Обнова Европа целосно го поддржува. Следниот чекор, по договорот за методологијата, треба да биде отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија. Процесот на проширување треба да биде политички процес, а не само административен, изјави претседателот на пратеничката група на Либералите, Романецот Дачиан Чолош. тм/нд/

Таг
Back to top button
Close
Close