Политички партии

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Татјана Прентовиќ

Субвенциите доцнат. Има злоупотреби со давање на државно земјоделско земјиште под закуп. Обештетувањата на жителите на скопските села кои беа погодени од поплавите и по 4 години не се исплатени.

Скопје, 16 јануари 2020

Субвенциите доцнат. Има злоупотреби со давање на државно земјоделско земјиште под закуп. Обештетувањата на жителите на скопските села кои беа погодени од поплавите и по 4 години не се исплатени.

Земјоделието во изминативе години со СДСМ е клекнато на колена.

СДСМ лаже кога вели дека субвенциите се исплаќаат редовно. Земјоделците кажуваат дека субвенциите доцнат.

Откуп нема, а кога има откупната цена е ниска.

Наместо проекти, од Николовски и Димковски видовме само криминал и злоупотреби.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close