Политички партии

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска

СДСМ и Венко Филипче целосно потфрлија во борбата со корона вирусот.

Скопје, 29 мај 2020

СДСМ и Венко Филипче целосно потфрлија во борбата со корона вирусот.

Владата на СДСМ нема стратегија за кризата во која западна цела држава.

Да ја имаше министерот за здравство и владата немаше да се борат како да му ја спасат кариерата на Зоран Заев, со брзи избори, туку разумно ќе ги преиспитаа одлуките коишто ги носат на штета на здравјето на граѓаните.

Неспособната влада на СДСМ свесно го загрозува здравјето на граѓаните со единствена причина да ја зачува фотелјата на Зоран Заев.

Власта продолжува да ја уништува иднината на граѓаните и го доведува во опасност нивното здравје. СДСМ и Заев не се грижат за граѓаните, СДСМ единствено се грижат за нивниот опстанок на политичката сцена.

Со СДСМ и Заев, граѓаните добија хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Животот и обновата на Македонија ќе се вратaт кога оваа неспособна влада на СДСМ ќе замине.

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите кога и да се одржат, но не на штета на здравјето на граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close