Политички партии

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Никола Димитров

Со власта на Заев и Димитров Македонија ниту е горда ниту е европска земја. Македонија со оваа власт стана синоним за хибриден режим во кој царува криминалот и корупцијата.

Скопје, 26 јуни 2020

Со власта на Заев и Димитров Македонија ниту е горда ниту е европска земја. Македонија со оваа власт стана синоним за хибриден режим во кој царува криминалот и корупцијата.

Нивното владеење го видоа и во државата , но и во Европа. Впрочем Димитров беше еден од првите кој знаел за операцијата за масовно рекетирање во Македонија, но за тоа одмолчал и не го пријавил до надлежните институции. Со тоа тој де факто станал соучесник на овој криминал .

Димитров уште во есента 2018 година бил предупреден од еден амбасадор на европска земја дека обвинителско-политичко-медиумски октопод рекетира низ Македонија. Тоа покажува дека на Димитров владеењето на правото и правдата не му биле важни, иако се клучниот предуслов за влез во Европската Унија. Затоа со него и со Зоран Заев нема европска иднина.

После признанието дека рекетираните пари завршувале кај Зоран и Вице Заеви, станува јасно дека Димитров правел компромис со правдата во интерес на торбите Луј Витон полни со рекетирани милиони.

СДСМ, Заев и Димитров покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close