Политички партии

Реакција од СДСМ на прес конференцијата на Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивни политики и лажни вести, затоа останува опозиција и по изборите на 12 април

Скопје, 21 јануари 2020

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивни политики и лажни вести, затоа останува опозиција и по изборите на 12 април

Штанцањето на лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ стана секојдневие.

Во отсуство на идеи и и реални конкретни мерки, ВМРО-ДПМНЕ креира лажни сценарија кои веднаш им се побиваат.

Истата таа партија која не се огради од криминалите од своите редови до ден денешен, секојдневно креира непостоечки случаи за криминал, кои експресно се демантирани.

Нема ништо спорно во набавката на обрасци за лични документи, постапката е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки. Во конкретниот случај се работи за реномирана германска компанија во која 40 % сопственик е државата Сојузна Република Германија.

СДСМ ги охрабрува и поддржува институциите до крај да ги расчисти сите наоди за кои лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ иако станува збор за паушални обвинувања кои се резултат на безидејноста во белиот двроец.

На граѓаните одамна им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ е потоната во очај и безидејност и затоа на 12 април граѓаните ќе го казнат таквото деструктивно однесување на опозициската партија.

Граѓаните на 12 април ќе порачаат режим – никогаш повеќе!

 

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close