0_Македонија.ПорталОригинални текстови

Реакција од МО за набавката на инженериски машини за Армијата

Лажните вести не поминуваат. Машините за кои потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во настап на нервоза при телевизиското соочување со министерката за одбрана, а потоа и неговата партија се огласи, се набавени во јавна тендерска постапка при што до крај се почитувани сите законски одредби. Дури ни самиот Николовски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да најдат забелешки на било кој чекор во постапката.

Скопје, 20 февруари 2020

Лажните вести не поминуваат. Машините за кои потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во настап на нервоза при телевизиското соочување со министерката за одбрана, а потоа и неговата партија се огласи, се набавени во јавна тендерска постапка при што до крај се почитувани сите законски одредби. Дури ни самиот Николовски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да најдат забелешки на било кој чекор во постапката.

Тој тип на машини се карактеризира со широк распон на техничките карактеристики (јачина на мотор, дополнителна опрема, ефикасност, габарит), и во зависност од тоа се утврдуваат и цените.

Цената на инженериските машини за Армијата (за кои набавка немало цели 16 години) се добиени во отворена и компетитивна постапка. Таа е започната со технички дијалог, на кој му претходеше и состанок во Стопанската комора на кој ги мотивираме сите фирми да учествуват во набавката и техничкиот дијалог, при што одговоривме на сите прашања, предлози и сугестии токму во насока на зголемување на конкуренцијата. Токму поради тие наши напори, при оваа специфична набавка имавме дури 6 понуди на јавното отварање, сосема различно од искуствата за време на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

За конкретната инженериска машина – грејдер (2 парчиња) во постапката учествуваа 3 економски оператори кои беа уредно поканети на е-аукција. По е-аукцијата согласно законот беше избрана понудата со најниска цена.

Во постапката немаше забелешки ниту беше обжалена од страна на било кој од понудувачите.

Очигледно лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ се во насока да предизвика забуна во јавноста и недоверба кон позитивните процеси како што е членството во НАТО, зајакнување на капацитетите на Армијата со нова опрема и модерно оружје, подобрување на условите за работа, зголемувањето на платите, надоместот за станарина итн.

Ние цените не ги формираме по телефон и со тајни разговори како „оние на М“ туку низ транспарентни, јавно објавени постапки на кои победува тој што нуди најниска цена. Тоа можеби опозицијата не може да го сфати, но тоа е почитување на законот.

Министерство за одбрана

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close