КултураКултура.ПорталОригинални текстови

Реакција од Агенцијата за филм на соопштението од Министерството за култура

Користењето на логото на Министерството за култура не е тенденциозно, туку напротив со намера за објективно информирање, со оглед на тоа што документот што се цитира е од оваа институција, истиот документ е издаден на меморандум и со лого на Министерството за Култура (во прилог е документот).

Скопје, 28 јули 2020

Нивното соопштение околу логото не го менува фактот и не смее да ја потисне суштината, а тоа е: информацијата дека “Во Агенцијата за филм е утврдено дека нема конфликт на интереси по извршениот инспекциски надзор на Министерството за култура”.

Ви благодариме за вашето внимание и се надеваме дека конечно во јавноста ќе одекне вистината која се базира на документ, односно доказ, за правилно информирање на јавноста за работата на Агенцијата за филм.

Агенција за филм

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close