Оригинални текстови

Реакција на Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ на однесувањето на контролорите на ЈСП Скопје

Здружението на граѓани Ромаверзитас, ја истакнува својата загриженост поради недоличното однесување на насилниците – „контролори” од Јавното собраќајно претпријатие, ЈСП Скопје што се случи на ден 09.02.2020 година во 10:45 часот врз нашиот студент на Правен факултет, Сирхан Усеин.

Скопје, 10 февруари 2020 

Здружението на граѓани Ромаверзитас, ја истакнува својата загриженост поради недоличното однесување на насилниците – „контролори” од Јавното собраќајно претпријатие, ЈСП Скопје што се случи на ден 09.02.2020 година во 10:45 часот врз нашиот студент на Правен факултет, Сирхан Усеин.

Здружението на граѓани Ромаверзитас целосна ја подржува реакцијата на Сирхан Усеин и јавно ги повикува надлежните лица од Министерството за внатрешни работи, Комисијата за заштита од дискриминацја, Народен правобранител и Јавното сообраќајно претпријатие  да ги превземат потребните мерки и целосно да го расчистат случајот.

„Пред влезната врата патници се буткаат да влезат внатре во автобусот. Кога доаѓа ред да влезам јас, еден повозрасен човек насилно ме бутка. Јас му велам дека сите ќе влеземе, нема потреба да се буткаме.  Повозрасниот употребува пцовка упатена кон мајка ми. Му се обраќам да не биде прост, да не ме пцуе и  да не се однесува така. По влегувањето внатре во автобусот повозрасниот човек седнува до двајца контролори,  кои го прашуваа нешто на албански јазик. Контролорот станува и од цел автобус, јас во средина на автобусот, ми бара билет. Му поставувам прашање зошто само мене, а не и на другите. Тоа што следува како одговор е дека така он сака. Му објаснувам дека е ова дискриминација и дека јас сум студент и имам годишен билет и дека ќе го пријавам во полиција. Во истиот момент се јавувам во полиција и додека објаснувам по телефон што е причината за моето јавување следи одговорот на контролорот дека они се главни и ќе прават како они сакаат. Додека зборувам на телефон со полицаецот, следат закани од контролорите дека ќе ме удрат. Се дерат на мене, насилно. Со сила ме фаќат за рака и ме буткат надвор, при што ми паѓа телефонот на тротоар. Цело време додека се случува ова јас разговарам со полициското лице на телефон. Ме симнуваат со примена на насилство врз мене на автобуска станица во Гази Баба. Откако ме симнуваат на станица насилно ми го земаат билетот. Го проверуваат и се уверуваат дека имам годишен билет и ладно и идиотски ми го фрлаат на земја. Земам да го сликам и им велам дека ќе го кажам ова на полицијата. Контролорите ми велат, дека може сам сум го фрлил билетот. Следи прашањето дали некогаш сум јадел ќотек и дека може ако сака к** во уста ќе ми стави. Еден од контролорите пали цигара и се заканува дека ќе ми ја изгаси на чело. Пред да заминат ми се закануваат дека не сум знаел со кој имам работа – раскажува студентот“, објаснува Сирхан Усеин.

Ние сметаме дека ова општество заслужува подеднаква шанса за сите без никакви изживувања од насилниците, потиснувања, закани и дискриминација. Секое недолично однесување, навреда или закана заслужува и соодветна реакција до сите инстанци и институции во државата, барајќи корекција на насилството, говорот на омраза и дискриминацијата по било кој основ.

Бараме соодветна постапка и заштита на нашиот студент на правен факултет Сирхан Усеин и истовремено го повикуваме, Јавното сообраќајно претпријатие –ЈСП, во име на насилниците – јавно да се оградат и извинат за недоличното однесување на нивните вработени лица и да превземат одговорност и мерки за корекција за истото да не се повтори.

Здружение на граѓани Ромаверзитас

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

 

                                                                     

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close