Политички партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Колемишевски

Додека СДСМ се фали со „успешноста“ на своите мерки за поддршка на македонското стопанство, илјадници наши сограѓани не знаат како ќе го поминат месецот бидејќи се оставени без приходи. За три месеци 15 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места и оставени се без извор на егзистенција. Според анализите на Бизнис конфедерацијата македонските граѓани допрва ги очекува економска катаклизма. Нивните анализи велат дека на околу 50 илјади граѓани работното место им виси на конец и им се заканува отказ во наредниот период.

Скопје, 6 јуни 2020

Додека СДСМ се фали со „успешноста“ на своите мерки за поддршка на македонското стопанство, илјадници наши сограѓани не знаат како ќе го поминат месецот бидејќи се оставени без приходи.

За три месеци 15 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места и оставени се без извор на егзистенција. Според анализите на Бизнис конфедерацијата македонските граѓани допрва ги очекува економска катаклизма. Нивните анализи велат дека на околу 50 илјади граѓани работното место им виси на конец и им се заканува отказ во наредниот период.

Бизнис секторот континуирано апелира за помош од државата, мерките кои се превземени ниту се навремени ниту се доволни. 99 проценти од македонските компании се директно засегнати од кризата, а околу 49 проценти од компаниите имаат намалени приходи дури за 80 проценти.

Фактите говорат дека Македонија се соочува како со здравствена така и со економска катаклизма. Стопанствениците како и граѓаните се оставени сами на себе.

Нашите сограѓани буквално со своите животи ја плаќаат неспособноста на власта, а Владата на СДСМ наместо да ги заштити работните места со своите постапки и „мерки“ стимулира отпуштање во приватниот сектор.

Казната за неспособноста, расипништвото и негрижата следува на следните парламентарни избори.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close