Политички партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ оди напред, а СДСМ се заглавени во криминал и корупција, затоа нема и почеток на преговори со ЕУ. Поради губитникот Заев Македонија оди назад.

Скопје, 24 мај 2021

ВМРО-ДПМНЕ оди напред, а СДСМ се заглавени во криминал и корупција, затоа нема и почеток на преговори со ЕУ. Поради губитникот Заев Македонија оди назад.

СДСМ 4 години се на власт, а Македонија тоне на листите за криминал и корупција. 111 место на листата на Транспаренси е заради криминогеноста на Заев и луѓето околу него.

Нема тендер кој е реален. Видовме како функционерите од СДСМ не ги објавуваат единечните цени на производите кои ги купуваат со јавни пари, но и како се плаќа повеќе од двојно од реалната цена.

СДСМ гледа на буџетот само како средство за делење на тендери на ним блиски фирми.

4 години нема одговорност ниту за еден претставник од власта, а сомнежи и индиции за криминал има на секаде.

Сите го видовме видеото во кое се гледа какк Ден Дончев става туце пари во торба, и за тоа нема одговорност.

Сите видовме како се изнесува ташна полна милиони, за подоцна тој што ја носеше – Бојан Јовановски, да каже дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев.

Со СДСМ нема одговорност за Заев и луѓето околу него. Со СДСМ имаме граѓани од прв у од втор ред.

Да ставиме крај на поделбите на граѓани од прв и втор ред на СДСМ и Заев. Македонија за сите луѓе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Таг
Back to top button
Close
Close