Политички партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев за поддршка на земјоделците

Зоран Заев и натаму ги лаже и ги манипулира  македонските земјоделци со лажни ветувања, оние кои со голема мака го заработуваат своето парче леб. 

Скопје, 20 јули 2020

Зоран Заев и натаму ги лаже и ги манипулира  македонските земјоделци со лажни ветувања, оние кои со голема мака го заработуваат своето парче леб.

И земјоделците како и сите останати граѓани се жртви на кризата предизвикана од корона вирусот, но и на неспособната власт која неуспешно се справува со последиците од истата.

Дел од граѓаните неспособноста на власта ја плаќаат со своето здравје и живот, а стопанството и земјоделците се соочуваат со милионски загуби.

Третиот пакет на мерки за земјоделието е класична манипулација станува збор средства наменети за зелена нафта кои се префрлени на ставка на неисплатени субвенции од претходните години.

Владата на СДСМ доцни со исплатата на субвенции од 2017, 2018 и 2019-та година, а чиста лага е дека помошта за зелената нафта е 50 проценти.

СДСМ вети 50 проценти поддршка за зелената нафта, а со уредба на Владата скратија 100 милиони денари од ставката и повторно помошта се сведе на 30 проценти.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close