Парламентарни избори 2020Политички партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Заев

Зоран Заев и СДСМ на овие избори одат со мисла како да го довршат грабежот кој го почнаа пред повеќе од три години. Во главата на Заев се само криминал, корупција и милионски тендери за фирмите блиски до него и неговото семејство.

Скопје, 24 јуни 2020 

Зоран Заев и СДСМ на овие избори одат со мисла како да го довршат грабежот кој го почнаа пред повеќе од три години. Во главата на Заев се само криминал, корупција и милионски тендери за фирмите блиски до него и неговото семејство.

Заев и СДСМ одат на избори за повеќе лиценци за марихуана за ним блиските фирми, за камионите на Вице Заев да вртат во РЕК Битола, за другарите на Оливер Спасовски да добиваат лиценци за возачки испитни центри, за Радмила Шекеринска да ја разоружува армијата.

Глас за СДСМ е глас за Ден Дончев, за Боро Марлборо, за Курто Дудуш, за Драги Рашковски, за милион криминали.

Глас за СДСМ е глас за Заев да продолжи со криминалната политика – „Едно евро за Вицето, едно за црквата“. За рекетирање милион во Луј Витон торби или во вид на снопчиња кеш по примерот на Ден Дончев.

Глас за СДСМ е глас за лош менаџмент со здравството. Поради неспособноста на СДСМ имавме втор пик на коронавирус во јуни, последиците врз економијата се разорни, буџетската празнина до крајот на годината заради СДСМ ќе изнесува и до 1.4 милијарди евра. Доколку СДСМ се соочи со уште еден пик, ниту здравствениот систем ќе може да го изменаџираат, ниту економијата ќе помине без катастрофални штети.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close