0_Македонија.ПорталПолитички партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Оливер Спасовски

Скопје, 27 јуни 2020

Спасовски и Заев наместо правда донесоа пазар со правдата во замена за милиони евра

Оливер Спасовски, Зоран Заев и СДСМ се синоним за пазарење со правдата. Аболицираниот Зоран Заев во време кога беше под обвинение раководеше со Телото за реформи во судството и од реформите успеа да направи само повлекување на обвинение за случајот евро за Вицето – евро за црквата. Дури биле менувани закони за да може да добива ослободителни пресуди

Сите слушнаа како Зоран Заев предвидуваше обвиненија и пресуди и кажуваше за трас-трас одлуки кои судот ги носи.

Целата јавност виде како се носат милиони евра во торби и како се тргувало со правдата, па се зборува за 4, 5, 6, 8 милиони евра, а за таквите пари постои сведоштво дека завршувале кај браќата Заеви.

Оливер Спасовски и Зоран Заев се синоним за заштитници на криминалот.

Со Зоран Заев, Оливер Спасовски и СДСМ нема правда, а со тоа нема ни европска иднина.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close