0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политички партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Оливер Спасовски 

Спасовски, Заев и СДСМ покажаа дека поддршка даваат во овие три години само на криминалот, корупцијата и рекетот. 

Скопје, 7 јули 2020

Спасовски, Заев и СДСМ покажаа дека поддршка даваат во овие три години само на криминалот, корупцијата и рекетот.

Спасовски кога ги кажува истите препакувани и надградени лаги од 2016-та, треба да пресмета колку лица со социјална помош, колку минимални и просечни плати има во изрекетираниот куфер Луј Витон.

Колку средства за поддршка на децата од ранливите категории семејства можеа да се поддржат со милионите евра изрекетирани пари, за кои има сведоштво дека завршиле кај Зоран Заев.

Се присутната корупција која ја донесоа Спасовски, Заев и СДСМ ја уништува и осиромашува Македонија. Затоа клучен предуслов за напредок на Македонија и посреќни граѓани е Заев, Спасовски и СДСМ да бидат катастрофално поразени на претстојните избори.

СДСМ, Спасовски  и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close