0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политички партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Николовски

Љупчо Николовски без срам и перде зборува за земјоделието, а земјоделците го паметат како најнеспособниот министер кој некогаш го имала Македонија. Впрочем тој заради неуспесите и партиска функција избега од министерството, за сега повторно да го лаже и манипулира народот со нови надградени лаги.

Скопје, 2 јули 2020

Љупчо Николовски без срам и перде зборува за земјоделието, а земјоделците го паметат како најнеспособниот министер кој некогаш го имала Македонија. Впрочем тој заради неуспесите и партиска функција избега од министерството, за сега повторно да го лаже и манипулира народот со нови надградени лаги.

Во време на СДСМ беа заборавени сите земјоделци и нивниот труд не беше вреднуван. Земјоделскиот производ наместо на пазарите кои им ги ветуваа завршуваше фрлан во ѓубриштата или истуран на патиштата. На Николовски му беше позначајно да патува до Дубаи и да купува брендирана облека, отколку да работи во интерес на земјоделецот. Во негово време се случуваше едно исто државно земјоделско земјиште да се доделува на двајца различни субјекти или скоро цела година доцнеа со исплата грантовите за млади земјоделци, за на крајот голем дел од нив да бидат доделени на лица блиски до СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ во новата програма предвидува конкретна помош на земјоделците. За 4 години предвидени се 640 милиони евра субвенции и 80 милиони евра инвестиции во водоснабдувањето. Дополнително се предвидуваат 20 илјади евра поддршка за набавка на машини и опрема на младиот земјоделец. Овие и уште десетици други конкретни проекти во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе значат поддршка на земјоделецот, за да знае дека во владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има партнер на кого може секогаш да се потпре.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close