0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политички партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Никој веќе не верува во лагите на Заев. Инвестираше само во криминалот и корупцијата.

Скопје, 25 јуни 2020

Никој веќе не верува во лагите на Заев. Инвестираше само во криминалот и корупцијата.

Очај и беда е кампањата на Зоран Заев. Го потценува сеќавањето на граѓаните. Во 2016 година ветуваше дека ќе изгради 600 километри нов автопат, 550 километри магистрални и 1.000 километри локални патишта, а сега нема направено НИШТО. Ветуваше дека ќе почне изградба на нов клинички центар во Скопје, Хидроцентрала Чебрен и Галиште, студентски центри во Скопје, Тетово и Штип и уште десетина други лаги.

Мисли дека ако тој и неговите функционери заборавиле, дека и народот заборавил. Многу се лаже. Имаше можност да направи нешто, но тој таа можност наместо за граѓаните ја потроши за заштита на криминалот, организирање на коруптивни и рекетарски мрежи и за полнење на торби со милиони евра кои завршуваа во џебови на негови блиски соработници

Заев веќе никој не го верува. Потроши 4 буџети на државата, а ништо не изгради. Реализација на капиталните инвестиции во овие години власт на Заев и СДСМ едвај надминуваше 50% од планираното, ама затоа рекетот, корупцијата и криминалот беа реализирани 100%.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close