0_Македонија.ПорталОригинални текстовиПолитика

Реакција на Уставниот суд на медиумски напис во врска со мандатот за Влада

Во врска со вчера објавената вест на еден од медиумите со наслов: „И уставни судии на линија со Пендаровски за мандатот за Влада“, Уставниот суд ја известува јавноста за следното:

13 август 2020 

Во врска со вчера објавената вест на еден од медиумите со наслов: „И уставни судии на линија со Пендаровски за мандатот за Влада“, Уставниот суд ја известува јавноста за следното:

Уставниот суд е независен и самостоен орган на Републиката кој никогаш не зазема страни во ниту еден политички спор. Судот, единствено може во рамките на своите надлежности, преку деловнички предвидена постапка, да донесе соодветна одлука која ќе се однесува на одредено уставно – правно прашање. Истото се однесува и на судиите на Уставниот суд, кои во рамките на истата таа постапка, може слободно да го искажат своето мислење и подоцна да гласаат „за“ или „против“ одреден предлог.

По однос на последното, помеѓу судиите е заземен став да се воздржат од јавно коментирање на прашања кои се разгледуваат или би можеле да бидат разгледувани од страна на Судот, со цел да се спречат разни шпекулации по однос на конечниот исход на постапката.

Меѓутоа и покрај ова, во објавената вест се изнесува ставот на како што се наведува на „дел уставни судии“ кои наводно биле со ист став како претседателот на Републиката и се дава нивното толкување по однос на тоа дали е конституирано Собранието и рокот за доделување мандат за состав на Влада.

Неспорно (доколку во случајот се дадени такви изјави), слободата на мислата и јавното изразување на мислата важи и за судиите на Уставниот суд, но од друга страна факт е дека постои етичко правило кое патем беше утврдено со консензус помеѓу судиите.

Понатаму, нејасно е зошто не се објавува кој од уставните судии ја дал ваквата изјава со што се става под знак прашалник веродостојноста на веста. Доколку е добиена ваква изјава, нема причина за никаква анонимност бидејќи се работи за јавно изразен став од вршител на јавна функција, а не за давање на информација на средствата за јавно информирање чија заштита е уставно гарантирана.

На крајот, сакаме да укажеме на тоа дека исто така е неприфатливо да не се бара изјаснување од страна на Судот, само затоа што авторот на текстот сметал дека поради одредени околности нема да добие информација. Судот секогаш бил отворен за јавноста и доколку во случајот било побарано такво нешто, сигурно дека ќе бил даден одговор. Впрочем токму вчера, претседателот на Судот, Мурати, во име на Уставниот суд, даде изјава токму за ова прашање откако еден медиум побара изјаснување од Судот.

 

Уставен суд на Република Северна Македонија 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close