Политички партии

Реакција на СДСМ на изнесени ставови на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ

Единствен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ изминатите години додека беа на власт, беше подобрување на квалитетот на нивниот живот. Граѓаните не беа никогаш на дневен ред.

Скопје, 22 јуни 2020
Единствен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ изминатите години додека беа на власт, беше подобрување на квалитетот на нивниот живот. Граѓаните не беа никогаш на дневен ред.
За тоа потврдуваат фактите и бројките.
Во периодот  од 2010 година до 2016 година  за шест години, ВМРО-ДПМНЕ  ја покачија просечната плата на граѓаните за 2.003 денари односно од 21.454 денари на 23.457 денари или процентуално 9.3%.
Наспроти нив, СДСМ во период 2017година  до 2020 година за три години  ја покачија просечната плата на граѓаните  за 4.535 денари или од 22.671 денари на 27.206 денари  или процентуално 20%
Тоа значи дека СДСМ за три години, односно за пола временски период на власт од ВМРО-ДПМНЕ  ја зголемила речиси  два и пол пати просечната плата на граѓаните.
Математички пресметано на ВМРО-ДПМНЕ  со нивното темпо на покачување на плата , ќе им бидат потребни 18 години за да го постигнат покачувањето од 25% кое го ветуваат на граѓаните.
Лажната грижа и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ веќе не проаѓа. Наводната обнова на Македонија е обнова на криминалот, личниот профит и интереси.
Казната за ваквиот однос, граѓаните ќе им ја испорачаат на 15 јули.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close