Политички партии

Реакција на СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Мицкоски со погрешни кафански пресметки, прво нека ги научи мерките и протоколите, а потоа нека почне да ги почитува законите

Скопје, 6 јуни 2020

Мицкоски со погрешни кафански пресметки, прво нека ги научи мерките и протоколите, а потоа нека почне да ги почитува законите

Зачудувачки е како Христијан Мицкоски без ниту малку срам се обидува да држи некакви лекции во јавноста, кога сите видовме со колку мал морален и етички капацитет располага.

Човекот кој не почитува мерки, во време на забрана оди во кафеана, во теретана, ги прекршува сите протоколи сега се обидува со кафански пресметки да ја излаже јавноста.

Христијан Мицкоски има уште многу лекции да научи, уште многу книги да прочита за да може да оценува што е во интерес на граѓаните.

Прво треба да престане да ја лаже и манипулира јавноста, а потоа да ги научи мерките и конечно да почне да ги почитува.

Мицкоски ќе мора и кривично да одговара за  непочитување на мерките односно за сите кривични дела кои ги предизвика на “Боемска”.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Back to top button
Close
Close