Оригинални текстови

Реакција на Македонскиот полициски синдикат за објавени видео записи на полициски службеници

Во врска со објавата на некои портали во државата, проследена во текот на вчерашниот ден каде беше постиран одреден видео запис за настан кој се случил во текот на вчерашниот ден во близина на с.Црвени Брегови, запис на кој се снимени полициски службеници кои презимаат службени мерки, Македонскиот Полициски Синдикат, го дава следното соопштение.

Скопје, 27 јанујари 2020

Во врска со објавата на некои портали во државата, проследена во текот на вчерашниот ден  каде беше постиран  одреден видео запис за  настан кој се случил во текот на вчерашниот ден во  близина на с.Црвени Брегови, запис на кој се снимени полициски службеници  кои презимаат службени мерки, Македонскиот Полициски Синдикат, го дава следното соопштение.

Во последно време, од страна на одредена група, или поточно категорија „новинари“ и „портали“, кои најверојатно водени од желбата за зголемување на својата гледаност и читаност, во своите објави, се почесто пласираат настани во кои на еден или на друг начин се инволвирани полициски службеници од МВР.

И се би било во ред, доколку пред да се пласираат овие „стории“, од страна на нивните објавувачи или пренесувачи, би било почитувано едно основно правило во криминалистиката, кое би требало да се почитува и во истражувачкото новинарство, а тоа е правилото “Audiatur et altera pars”, или „Секогаш слушај ја другата страна.“

 Но тогаш, за жал на објавувачите или пренесувачите, ќе се дојде до фактот дека самиот настан и не е ексклузивитет, и нивната читаност и гледаност нема да биде на ниво на нивната желба.

Најбитно од се, со самото вакво пласирање на делумни и непроверени информации, се нанесува директна штета, како на полициските службеници и овластените службени лица кои се директно инволвирани во настанот, така и на самото Министерство, со што се нарушува целокупниот авторитет и интегритет на Полицијата.

Поради ваквите и слични објави и написи, Македонскиот полициски синдикат, упатува апел, пред се, до Здружението на новинари на Македонија, а потоа и до сите уредници и сопственици на портали, да се вклучат во квалитетно истражувачко новинарство, а потоа таквите стории, проверени, да ги објават, и при тоа да се води грижа, како за угледот и авторитетот на полициските службеници и овластените службени лица, така и за угледот на самото Министерство, а Македонскиот полициски синдикат, како единствен репрезентативен сидникат во МВР, е секогаш отворен за соработка со сите претставници на новинарската фела, а се во насока за реално прикажување на сите настани во кои се инволвирани вработените на МВР.

Воедно како единствен репрезентативен сидникат во МВР во целост ги  подржуваме сите акивности на  надлежните органи на Министерството  во насока да го истражат случајот во целост, со што ќе дојдеме до вистината за  настанот.

Македонски полициски синдикат

__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close