0_Македонија.ПорталПолитика

Реакција на Чулев за поништеното решение за назначување началник на СВР Тетово

Скопје, 23 јуни 2020

Скопје, 23 јуни 2020

Владата на денешната седница го поништи решението кое го потпишав за назначување на началник на СВР Тетово. Ова место беше едно од 15-те места кои ми следуваат согласно Законот за влада, како министер во техничката влада.

Истата ваква одлука со која владата првично го поништи ваквото решение, претходно од моја страна беше обжалена до Државната комисија за спречување на корупција која констатираше дека Владата направила пропуст при поништувањето на решението и првичната одлука на Владата ја поништи. Но и покрај ваквиот заклучок од ДКСК, Владата денес повторно носи иста одлука.

Со денешното силеџиско постапување повторно е прекршен Законот за влада, а дополнително денешната одлука предложена од страна на ДУИ, а аминувана од страна на СДСМ е уште еден доказ дека нивната коалиција блеска во полн сјај. ДУИ и СДСМ имаат спротивставени мислења само во јавноста и тоа е само еден блеф. Нивниот меѓусебен однос на владините седници фукционира идеално и без никаква пречка.

Во оваа прилика ја информирам јавноста дека во однос на денешното постапување на Владата, во текот на утрешниот ден ќе поднесам кривична пријава, но и за ваквиот упад и мешање во работата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат запознати и претставниците на меѓународната заедница.

Министер за внатрешни работи, Наќе Чулев 

________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close