0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Реафирмирана поддршката за почеток на преговорите со ЕУ на средбата Димитров – Дендијас

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров,на маргините на Делфи економскиот форум, денеска во Атина,  имаше тет а тет средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на која покрај добрососедските односи и интензивирањето на соработката во многу области, двајцата разговараа и за актуелните случувања во регионот.

Скопје, 13 мај 2021 (МИА) – Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров,на маргините на Делфи економскиот форум, денеска во Атина,  имаше тет а тет средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на која покрај добрососедските односи и интензивирањето на соработката во многу области, двајцата разговараа и за актуелните случувања во регионот.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посебен фокус на средбата беше ставен на значењето на отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, како за регионот, така и за кредибилитетот на Унијата на Балканот.

-Секогаш истакнувам дека најголем интерес од европска Северна Македонија имаат токму нашите соседи, кои со нашиот успех во пристапувањето кон ЕУ, обезбедуваат успех и за самите себе како шампиони во регионот, и Грција е одличен пример за тоа, рече Димитров:

Грчкиот министер Дендиас, се наведува, истакна дека Грција е цврсто посветена на европската иднина на регионот и дека посакува одржување на меѓувладини конференции, како прв чекор во пристапните преговори, и со Северна Македонија и со соседна Албанија. вг/дма/

Back to top button
Close
Close