0_Спорт.ПорталКошарка

Реџи Милер ги прогласи најдобрите пет шутери во историјата на НБА, помеѓу нив е Дражен Петровиќ

Поранешниот играч во НБА, Реџи Милер, ја именуваше својата верзија на најдобрите пет шутери во историјата на најсилната светска кошаркарска лига.

Њујорк, 22 мај 2020 (МИА) – Поранешниот играч во НБА, Реџи Милер, ја именуваше својата верзија на најдобрите пет шутери во историјата на најсилната светска кошаркарска лига.

Петтото место, според екс-играчот, го делат Дел Кари и неговиот син Стефан.

На четвртото место е Реј Ален.

Милер го постави легендарниот хрватски кошаркар, Дражен Петровиќ на третото место.

Познатиот снајперист му го додели второто место на Дејл Елис.

Прво место на списокот на Милер со најдобри стрелците го зазеде Лери Бирд. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close