0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

РБ Лајпциг потврди дека Тимо Вернер ќе замине ова лето

Британските и германските медиуми минатата недела објавија дека договорот е скоро финализиран, а „сините“ се подготвени да ја платат откупната клаузула во висина од околу 55 милиони евра.

Лајпциг, 13 јуни 2020 (МИА) – Раководството на РБ Лајпциг призна дека Тимо Вернер најверојатно нема да остане во тимот по крајот на сезоната, бидејќи трансферот на напаѓачот во Челси е скоро сигурен.

– Среќни сме што Тимо е се уште тука. Сепак, за него сигурно ќе има промена. Ние ќе ги објавиме вестите кога ќе станат факт, соопшти спортскиот директор Маркус Кјоче.

Британските и германските медиуми минатата недела објавија дека договорот е скоро финализиран, а „сините“ се подготвени да ја платат откупната клаузула во висина од околу 55 милиони евра.

Дваесет и четири-годишниот Вернер се пресели во Р.Б. Лајпциг во 2016 година и има договор до 2023 година. Тој има постигнато 25 голови во Бундеслигата оваа сезона и вкупно 31 на сите натпреварувања.

Таг
Back to top button
Close
Close