0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Разрешувањето на Мизрахи на 136. собраниска седница

Предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е ставен утре на собраниска седница.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е ставен утре на собраниска седница.

Џафери за утре свика две седници, првата 135. е закажана во 11 часот за Предлог-законот за Јавно обвинителство и за Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, додека на 136. седница која е закажана за 15 часот како една од точките на дневен ред е Предлог за разрешување на член на Владата на Република Северна Македонија.

Премиерот Оливер Спасовски вчера потврди дека доставил до Собранието предлог за разрешување на Мизрахи, а барањето за разрешување следува откако министерката неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“.

Спасовски денеска посочи дека во предлогот доставен во Собранието за разрешувањето на Мизрахи, тој нема дадено ново решение и затоа, нагласи, тоа останува на опозицијата.

– Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат, што го почитува Уставот и законите. На пример еден од пратениците кои гласаа за Северна Македонија и Протоколот за НАТО, како можно решение. Одлуката е нивна кого сакаат нека предложат, јас ќе го прифатам, изјави Спасовски.

Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата, и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции. ац/

 

 

 

Back to top button
Close
Close