0_Спорт.ПорталФудбал

Разрешувањето на Конте и неговиот тим од Челзи чинело 26,6 милиони фунти

Клубот има инвестирано 280,6 милиони фунти во играчи во сезоната 2018/19 година. Ова вклучува трансфери на Кепа Аризабалага, Кристијан Пулишиќ, Матео Ковачиќ и Жоржињо.

Лондон, 7 јануари 2020 (МИА) – Разрешувањето на Антонио Конте и неговиот персонал чинат точно 26,6 милиони фунти на Челзи. Ова стана јасно од извештајот на клубот за финансиската година што завршува на 30 јуни 2019 година. Ова значи дека Челзи исплатил вкупно над 90 милиони фунти како компензација на отпуштените менаџери откако Роман Абрамович стана сопственик на лондонските „сини“.

Клубот има инвестирано 280,6 милиони фунти во играчи во сезоната 2018/19 година. Ова вклучува трансфери на Кепа Аризабалага, Кристијан Пулишиќ, Матео Ковачиќ и Жоржињо.

Загубите на Челзи достигнаа 96,6 милиони, а рускиот милијардер во тој период внел 247 милиони фунти во клубот.

Таг
Back to top button
Close
Close