0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Расте бројот на заболени, најмногу во Скопје и Тетово

Од вкупно новозаразените 40 лица со Ковид 19 во изминатото деноноќие, 26 се од Скопје, а 10 од Тетово. Само во последните пет дена, во овие два града се потврдени вкупно 96 случаи, 72 во Скопје и 24 во Тетово.

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Од вкупно новозаразените 40 лица со Ковид 19 во изминатото деноноќие, 26 се од Скопје, а 10 од Тетово. Само во последните пет дена, во овие два града се потврдени вкупно 96 случаи, 72 во Скопје и 24 во Тетово.

Од Министерството за здравсто за МИА информираат дека согласно податоците од ИЈЗ, од 26 новозаболени во Скопје, деветмина се од општина Аеродром, шест од Чаир, четворица од Сарај, по двајца во Центар и во Бутел, и по еден во Кисела Вода, Гази Баба и Петровец.

Надлежните велат дека кластерите на новозаболените во Скопје се лоцирани и оти се од исти семејства. Се заразиле на семејни настани и собири.

Собирањето на луѓето во групи и непридржувањето до мерките, е причина за зголемувањето на бројката на заболени со Ковид-19 и во Тетово.

Специјализантот по епидемиологија Наим Скендери од Центарот за јавно здравје – Тетово, вели дека од 10-те новозаболени, повеќето се луѓе кои биле во контакт со заразено лице, но и има и нови кластери, што, според него, е најголемиот ризик за зголемување на бројките.

Најголем број од случаите се во општините Тетово и Боговиње со околните села.

Според податоците на Министерството за здравство, во Скопје досега се потврдени 673 заболени, од кои активни се 169, а починаа 24 лица.

Во тетовскиот регион, пак, досега се бележат 161 заразен, активни се 73, а 14 се починати.рп/са/ 

Back to top button
Close
Close