СветСвет.Портал

Расте бројот на повредени војници по иранскиот напад врз база на САД

Бројот на американски војници стационирани во американската база во Ирак, која Иран ја нападна на почетокот од јануари, а кои претрпеле трауматска повреда на мозокот (ТБИ) нагло се зголеми на 109, соопштија американски официјални претставници.

Лондон, 11 февруари 2020 (МИА) – Бројот на американски војници стационирани во американската база во Ирак, која Иран ја нападна на почетокот од јануари, а кои претрпеле трауматска повреда на мозокот (ТБИ) нагло се зголеми на 109, соопштија американски официјални претставници.

Ова претставува нагло зголемување на бројот на повредени со оглед на тоа што според првичните податоци на Пентагон беа повредени 64 војници, пренесува Би-Би-Си.

Нападот врз американската база се случи на 8 јануари, по тензиите кои настанаа по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, а американскиот претседател Доналд Трамп првично изјави дека во нападот никој не е повреден.

Како што се наведува, 70 проценти од војниците повредени во нападот се вратиле на должност, а во досега откриените случаи на ТБИ, станува збор за полесни повреди за кои е потребно време да се откријат.

Минатиот месец кога Трамп беше прашан за влијанието на нападот врз појава на ТБИ, тој рече дека слушнал оти војниците имаат главоболки и некои други симптоми кои не се опасни.

Според американската армија, ТБИ е честа појава во воените зони, а најчесто е предизвикан од експлозии.

Оваа болест е класифицирана како лесна, умерена, тешка или продорна.

Од 2000 година ТБИ е дијагностициран кај повеќе од 400.000 војници, соопшти американската Влада. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close