БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Расте бројот на новозаразени во Албанија, САД со нова донација на тестови

Нови 119 случаи на заразени со Ковид-19, 22 оздравени и две починати лица е билансот од епидениолошката состојба во Албанија во последното деноноќие.

Тирана, 17 август 2020 (МИА) – Нови 119 случаи на заразени со Ковид-19, 22 оздравени и две починати лица е билансот од епидениолошката состојба во Албанија во последното деноноќие.

-Во изминатите 24 часа направени се 501 тест на сомнителни случаи, при што позитивен резултат е добиен кај 119 од нив, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата досега се зголеми на 7.499. Во исто време во списокот на оздравени се внесени 22 пациента или 3.816, додека битката со опасниот вирус ја изгубија двајца или вкупно 230 пациенти, соопштија од Министертвото за здравтсво и социјална заштита.

Активни на болеста се 3.453 лица, поголемиот процент се лекуваат амбулантски или во домашни услови, додека во двете болници Ковид се третираат 117, од нив 21 се во тешка здравствена состојба.

Во меѓувреме американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким преку Твитер објави дека се донирани нови комплети тестови на Институтот за јавно здравје, со што вкупната бројка на досега донирани тестови се зголемува на 32.160.

Освен тестови дониран е автоматизран апарат за правење повеќе брзи тестови.

-Сојузниците секогаш си помагаат еден на друг во случај на потреба, напиша амбасадорката.

Од друга страна опозицијата и понатаму ја обвинува владата за нетранспарентност околу податоците за бројот на заразени и починати, како и малиот број на тестови направени во текот на еден ден.

Бројот на заразени сметаат дека е многу повисок, како и на починати нагласувајќи дека е потребно дневно да се прават најмалку по 2.000 тестови за Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата, во првите денови од месец март до сега, во Албанија направени се вкупно 50.928 тестови. вт/ссм/

Back to top button
Close
Close