0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Распродадени билетите за дуелот Македонија – Косово

Влезниците за натпреварот помеѓу Македонија и Косово веќе се распродадени. Македонската А репрезентација на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со репрезентацијата на Косово во плејоф дуелот за пласман на ЕП 2020.

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Влезниците за натпреварот помеѓу Македонија и Косово веќе се распродадени. Македонската А репрезентација на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со репрезентацијата на Косово во плејоф дуелот за пласман на ЕП 2020.

– Им се заблагодаруваме на македонските навивачи за поддршката која им ја даваат на фудбалерите и се радуваме на одличната атмосфера на Националаната арена „Тодор Проески“. Исто така, благодарност до навивачите за трпението при процесот на купување на влезници, велат од ФФМ.

Доколку нема било какво барање, препорака или евентуална забрана за присуство на гледачи од надлежните државни инстутуции поради корона вирусот, тогаш македонските фудбалери пред полн стадион ќе го одиграат натпреварот против Косово, додаваат од централата.

Таг
Back to top button
Close
Close