Дописници МКДОпштински вести

Распишан тендерот за доизградба на Градскиот кеј во Македонска Каменица

Распишан тендерот за доизградба на Градскиот кеј во Македонска Каменица. Од Општината појаснуваат дека градежните работи опфаќаат изградба на последните 150 метри од кејот на Каменичка Река, со што целосно ќе биде завршено уредувањето на централното градско подрачје.

Делчево, 27 мај 2021 (МИА) – Распишан тендерот за доизградба на Градскиот кеј во Македонска Каменица. Од Општината појаснуваат дека градежните работи опфаќаат изградба на последните 150 метри од кејот на Каменичка Река, со што целосно ќе биде завршено уредувањето на централното градско подрачје.

-Дополнително, со изградбата на Паркот на млади и доуредувањето на пешачките патеки и шеталиштата со хортикултура и урбана опрема овој дел од градот ќе добие сосема нов и модерен лик, а граѓаните на Македонска Каменица пријатно катче за прошетка, спорт, забава и рекреација, истакнаа од Општината.
Проценетата вредност на проектот за изградба на минор и мајор коритото на Каменичка Река, како што додадоа, е 10,9 милиони денари.
-Постапката трае до 7 јуни 2021 година,  а средствата се обезбедени од општинскиот буџет, додадоа од Општината.
Со завршувањето на реализацијата на проектот од општината очекуваат заокружување на уредувањето на Кејот во централното градско подрачје. вс/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close