Дописници МКДОпштински вести

Распишан конкурсот за почесен граѓанин и највисокото општинско признание на Крива Паланка

Одборот за доделување награди и признанија на Општина Крива Паланка го распиша конкурсот за доделување на највисоката општинска награда која се доделува по повод денот на ослободувањето на гардот, 8  Октомври, наградата почесен граѓанин  на Крива Паланка и  доделување признание за особени постигнувања  и придонес  за развојот  и афирмацијата  на општината  Крива Паланкa  за 2020 година.

Крива Паланка, 18 септември 2020 (МИА) – Одборот за доделување награди и признанија на Општина Крива Паланка го распиша конкурсот за доделување на највисоката општинска награда која се доделува по повод денот на ослободувањето на гардот, 8  Октомври, наградата почесен граѓанин  на Крива Паланка и  доделување признание за особени постигнувања  и придонес  за развојот  и афирмацијата  на општината  Крива Паланк за 2020 година.

Наградата „8 Октомври“ се доделува на  физички и правни лица од oпштината и  Република Северна Македонија во знак на општествено признание заособени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштита и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во национални и светски рамки.

Покрај на физички и правни лица, ова највисоко општинско признание се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности, за остварувања во период од една година до објавување на конкурсот, како и за подолг период на работно и творечко ангажирање.

Наградата   „Почесен   граѓанин   на   Крива   Паланка“  се   доделува   на   поединец, физичко   лице, државјанин на Република Северна Македонија  или странец  за исклучителни  заслуги  и афирмација  на Крива Паланка  во Европа и светот

Комисијата распиша конкурс и за доделување признание  за особени постигнувања   и придонес   за развојот  и афирмацијата  на Општина Крива Паланка, за   значајно осварување и постигнување  во вкупниот  општествен развој од сите области на животот и трудот за  унапредување  и афирмација  на општината.

Кандидатите за награди можат да ги предлагаат правни и физички лица, со живеалиште и седиште во  Крива Паланка или  надвор од општината, а предлозите мора да бидат образложени. Конкурсот трае заклучно со вторник, 22 септември 2020 година, а предлозите се доставуваат до Одборот за доделување награди и признанија на Општина Крива Паланка, преку архивата на локалната самоуправа. ид/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close